10:45 - 12 март, 2026

„Пукна тиквата“, Зоран Марјановиќ и Инди раскинаа, пејачката потврди: Вистина е…

Во српските медиуми денеска се појавија тврдења и детали за раскинувањето на пејачката Инди Арадиновиќ со композиторот Зоран Марјановиќ. Инди не криеше дека конфликтот се случил, но ги изненади сите со тоа што призна дека тие двајца се повторно заедно.

Како што дознава српски „Телеграф“, Инди и Зоран имале конфликт од деловен карактер, поради што донеле одлука да се разделат.

Инди за „Телеграф“ открила откри дека е точно дека дошло до раскинување помеѓу неа и Зоран, но дека набрзо се смириле.

– Вистина е, не бевме заедно три-четири дена, но во меѓувреме се смиривме – изјавила Инди откривајќи ја причината за кавгата.

– Искрено, се скаравме поради една песна, околу аранжманот. Сега сме заедно, еве се разбудивме, пиевме кафе и тргнуваме накај студиото за да ја преземеме последната песна. Се надевам дека повеќе нема да се караме околу песни – низ смеа признала Инди.

Набрзо ги решиле несогласувањата, па се „фрлиле“ на работа.

– Досега завршивме две песни, чекаме да ги преземеме. Дефинитивно ја имаме првата песна завршена, требаше да имаме уште, околу тоа малку се караме. Тој смета дека сè уште не е време. Јас инсистирав дека треба една песна да испеам, а тој негираше. Ги чува песните за подоцна, па ми вели: „Сега не е моментот, ова не е за тебе. Јас знам што е за тебе“. Класика, ние го правиме тоа со години, тоа не е ништо ново. Често влегуваме во конфликти, креативни, но ако три ипол дена се нешто големо, значи, добро, да, така е – објаснила Инди за „Телеграф“.

На прашањето дали ѝ биле тешки тие три дена без Зоран, таа рекла:

– Не, затоа што бевме во контакт, не раскинавме, повеќе се расправавме – рекла Инди за „Телеграф“.

 

 

Слични објави

Весна Петрушевска со емотивна објава и поддршка за Димитар Андоновски

msp-admin

Емотивен момент: Марија Шерифовиќ запеа со момче со Даунов синдром

msp-admin

Ужасни детали од несреќата во која загина братот на Дарко Лазиќ: Возачот на автомобилот кој го удрил е приведен

Еспресо

Хороскоп за 12 март: Скорпиите ќе бидат нервозни, Водолиите ќе започнат нов бизнис

Еспресо

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо
Се вчитува....