5.8 C
Скопје
05:28 - 1 април, 2026

„Имаме лоши денови, се караме“: Луна Ѓогани ја откри вистината за бракот со Марко Миљковиќ

Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ се еден од најпознатите парови од „Задруга“, кои ја започнаа љубовната врска во втората сезона од најгледаното реално шоу во регионот.

Иако многумина претпоставуваа дека ќе станува збор само за кратка авантура пред малите екрани, тие докажаа дека нивната љубов е вистинска. Луна и Марко денес се во брак, а имаат две ќерки – двегодишната Миа и новороденчето Лана, која пристигна во нивното семејство пред два месеци.

Фото: Инстаграм/Марко Миљковиќ

Што се однесува до работните ангажмани, Луна и Марко имаат свој канал на Јутјуб, каде редовно објавуваат снимки до моменти од нивното секојдневние.

За време на нејзиното неодамнешно гостување на телевизија „Блиц“, Луна откри дека не се доживува себеси како инфлуенсерка, но и дека не планира да се заминава со музика во периодот што следи.

„Не се занимавам повеќе со музика, решив да престанам. Сега не сум ни пејачка, а не сум ни инфлуенсерка. Се занимавам со сѐ и сешто. Јас завршив гимназија, со фокус на глума, па можеби ќе станам актерка. Можеби ќе глумам во некој филм“, изјави таа во емисијата.

Фото: Инстаграм/Луна Ѓогани

Што се однесува со бракот со Марко, таа откри дека ништо не е совршено, па ни нивниот брак.

„Не сакам да велам дека сѐ е совршено, дека секогаш има хармонија, дека сѐ е во ред. Не го живеам тој лажен живот за социјалните медиуми, затоа што имаме лоши денови, некогаш и се караме. Луѓето треба да знаат дека тоа е живот“, посочи таа.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....