20:53 - 8 април, 2026

Иако зборувал дека е комплицирана и тешка, ја сакал до последниот ден: Нивната љубов ни смртта не ја згасна!

Кирк Даглас одиграл некои од најславните улоги во историјата на кинематографијата, а починал во 104. година од животот. За неговата долговечност наведувал дека е заслужен бракот со сопругата Ана, кој траел над 60 години.

профимедиа

– Среќен сум што пред 63 години ја најдов својата сродна душа и верувам дека нашиот прекрасен брак ми помогна да преживеам. Постојано пе прашуваат за совет за долговечност. Немам ниеден, но мислам дека сме тука со причина. Поштеден сум од смртта после хеликоптерска несреќа, мозочен удар, за да направам уште добри дела на светот пред да го напуштам, рекол Даглас за списанието Closer Weekly по повод неговиот стоти роденден.

Убавата Ана ја запознал во 1953 година, во текот на снимањето на филмот Act of Love во Париз, две години откако му пропаднал првиот брак со глумицата Дајана Вебстер, со која ги добил синовите Мајкл и Џоел.

профимедиа

Глумецот признал дека љубовта меѓу него и Ана не била баш на прв поглед, туку му било потребно некое време за да ја освои.

– Беше ужасна, најкомплицирана жена која сум ја запознал. Тогаш бев голема филмска ѕвезда, а кога ја поканив на вечера, ми се заблагодари на поканата и ми рече дека е многу уморна, рекол своевремено глумецот.

А во една друга прилика, славниот глумец Кирк Даглас изјавил:

– Се вљубив во девојка, а после повеќе од 60 години, и понатаму ја сакам.

профимедиа

Инаку Кирк Даглас ќе остане запаметен и по тоа што целиот живот напорно работел, славата воопшто не го променила и целиот живот го зборувал тоа што го мисли, донирал големи суми пари на училиштата и на болниците, бил најстар активен блогер во светот, играл во над 90 филмови и телевизиски серии, а добитник е на бројни престижни награди.

Бил внимателен и посветен маж и татко. Со својата Ана преброделе загуба на едно дете и сообраќајна несреќа, ракот на Ана и неговиот тежок мозочен удар.

 

Слични објави

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо

(Фото) Ѕирнете во луксузниот пентхаус на Саша Ковачевиќ од половина милион евра: Има кралска бања, Ѓоковиќ му е сосед

Еспресо

Луна Ѓогани откри зошто не ги поканила Весна и Ѓоле на роденден: „Ова е вистинската причина“

Еспресо

Синот на Халид Бешлиќ по повод шест месеци од неговата смрт: „Секој ден очекувам да ми се јавиш“

Еспресо

Вистинскиот пар чевли прави разлика: Дојдете во Chantel, затоа што секој чекор заслужува да биде забележан

Еспресо

Нина Ѓогани за ужасното насилство што го доживеала: „Ме тепаа и ме навредуваа“

Еспресо
Се вчитува....