4.8 C
Скопје
00:27 - 14 март, 2026

„Градинка“ од девет деца? Илон Маск тајно има близнаци со шефицата на една од неговите компании

Минатата година, Илон Маск тајно станал татко на близнаци со шефицата на една од неговите компании, а биле поднесени судски документи за да се додаде неговото презиме на децата.

Маск, кој веќе има седум деца, добил уште две со Канаѓанката Шивоне Жилис (36), која ја води неговата компанија Неуралинк. Близнаците се родени само неколку недели пред Грајмс да објави дека има уште едно дете со својот партнер, со помош на сурогат мајка – пренесуваат странските медиуми.

Оваа шокантна вест беше откриена кога излегоа судски документи во кои најбогатиот човек на светот и Жилис заеднички бараат да се сменат презимињата на децата за да се додаде мајчиното на „средното“ име, а презимето да стане Маск.

Жилис е директорка за операции и специјални проекти на компанијата „Неуралинк“ и во последните недели се споменува како личност од доверба на милијардерот, на која Маск може да го довери дури и управувањето со Твитер.

Маск има пет деца со поранешната сопруга, уште две со Грајмс, а неодамна еден од неговите синови од првиот брак побарал од судот да го смени полот и да се откаже од презимето на татко му, бидејќи не сака ништо повеќе да има со него. Со новата шокантна вест излегува дека Маск има цела детска градинка од вкупно 9 деца.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....