5.8 C
Скопје
03:56 - 31 март, 2026

Горан Бреговиќ со „Оркестар за свадби и погреби“ ќе настапи во Гевгелија: Македонците подготвени да се забавуваат на „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“…

Заедно со својот „Оркестарот за свадби и погреби“,  еден од најпознатите композитори во регионот, музичар, гитарист, продуцент, автор на филмска музика и поранешен фронтмен на „Бјело дугме“ најавува спектакуларен концерт за својата верна македонска публика.


Кога ќе се спомне неговото име во истиот момент почнуваате да го потпевнувате рефренот на мегапопуларните хитови како „Мјесечина“, „Едерлези“, „Калашников“.


Со мега спектакуларен концерт во „Де Факто“ во Гевгелија, на 25 јуни, најголемата балканска ѕвезда Бреговиќ, со својот оркестар од 12 музичари, пред околу 5000 гости, во стилот по кој е познат, секогаш забавен и неуморен, ќе го одбележи стартот на богатата летна музичка програма.


Приказната на дискотеката „Де Факто“ трае повеќе од 10 години, а денес несомнено важи за една од најдобрите и најголеми дискотеки во нашата земја, па нема сомнеж дека долго ќе се зборува за овој мегаконцерт.

 

Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....