21:20 - 11 април, 2026

Гоца Тржан се преполови и сега има помалку од 50 килограми: Ги исфрли овие намирници од исхраната!

Пејачката Гоца Тржан често истакнува дека е непоправлив хедонист кој ужива во секој залак и затоа има прекумерна тежина уште од дете.

Како и другите жени, таа пробала разни диети кои во еден момент давале резултати, а во следниот килограмите се враќале. Пејачката се вртела во круг сè додека не се пријавила да учествува во реално шоу.

Во тоа време, Гоца Тржан поголемиот дел од денот живеела на ориз и она што го уловила, поради што ослабела како никогаш досега. Кога завршило натпреварувањето, таа тежела помалку од 50 килограми, па нејзината ќерка Лена и нејзиниот тогашен сопруг не ја препознале на аеродромот.

После тоа, пејачката се посвети на поздрав начин на исхрана, а во една прилика откри и како ја одржува својата тежина.

– Избегнувам леб, многу го сакам лебот и сè што е поврзано со тесто, но морам да се држам подалеку од тоа. Ги сакам лепчињата и печивата, но не смеам да ги јадам и свесна сум за тоа, тоа е најопасно за мене, моето тело и мојата тежина. Кога ќе одлучам да јадам тесто, го правам сама и не ме надувува – истакна пејачката за списанието „Hello“, а потоа откри на кои слатки сè уште не може да им одолее:

– Ги избегнувам слатките, но сепак не можам да одолеам на сладоледот. Човекот понекогаш мора да си угоди и да биде среќен.

Слични објави

„Мaјка му е заслужна за секој недостаток“ – Теа Таировиќ по една година брак проговори за свекрвата

Е.А.

„Ги засука ракавите и се фати за работа“: Теодора Џехверовиќ ја снимаше мајка си како работи заедно со мајсторите

Т.Ц.

Која е атрактивната мисица Марија која му го украде срцето на синот на Зорица Брунцлик?

Т.Ц.

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо
Се вчитува....