0.8 C
Скопје
05:11 - 14 март, 2026

„Го изгубив едното око, но судбина…“: Сообраќајната несреќа што засекогаш му го промени животот на Халид Бешлиќ

Легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ почина денес на 71-годишна возраст, по кратка и тешка борба со болест.

Во 2009 година, Бешлиќ доживеа тешка сообраќајна несреќа која засекогаш му го промени животот. Оттогаш, како што самиот изјави, ништо повеќе не било исто.

Во несреќата, која се случила во раните утрински часови, Бешлиќ го изгуби десното око и помина повеќе од три недели во сараевската болница. Поради сериозноста на повредите, лекарите морале да му го зашијат јазикот, кој го преџвакал при ударот, а подоцна бил подложен и на трахеотомија – хируршка интервенција што му овозможила полесно дишење.

„По несреќата си го продолжив животот. Од тогаш живеам помирно, повеќе размислувам… Живеев со 300 на час! Престанав и да пијам. Некој се опива со три пива, а мене ми требаа триесет. Тоа повеќе не постои! Сè што се случи, било судбина“, изјави тогаш Бешлиќ.

Иако преживеа тежок удар, Бешлиќ никогаш не изгуби вера и ведрина. По закрепнувањето, донесе одлука да не вози повеќе автомобил и да води поздрав и помирен живот.

„Од тогаш не возам… Ме вози ќерка ми, пријатели… Со тоа сум завршил“, рече во една пригода.

И покрај последиците, Бешлиќ остана ист – гласот на народот, човекот со најтоплата душа и песна што ги спојува сите генерации.

„Изгубив едно око, но тоа е судбина. Важно е што сум жив и што можам да пеам“, велеше тогаш со благодарност кон животот.

Слични објави

Милица Тодоровиќ првпат по породувањето се појави во јавност: Сите погледи вперени во неа, таа порача само едно

Еспресо

5 навики што ментално здравите луѓе никогаш не ги практикуваат

Еспресо

(Фото) Жешки кадри од Малдиви: Луна Ѓогани позираше во бикини, нејзините облини во преден план

Еспресо

Астролошка викенд-прогноза: Размислете два пати пред да направите голем чекор

Еспресо

Формула за љубов: Може ли навистина да се пресмета колку ќе трае една врска?

Еспресо

(Фото) Во рацете чанта од 10.000 евра, на нозете патики од 1.000: Ана Ивановиќ со стајлингот ги воодушеви и парижаните

Еспресо
Се вчитува....