5.8 C
Скопје
01:53 - 1 април, 2026

Фудбалерот не ѝ одолеа: Гудељ „уловен“ со новата девојка – 20-годишна бомба која веќе го освои Балканот!

Љубовта цвета за поранешниот фудбалер Драгиша Гудељ! Тој денес пристигна во Белград, а фановите не мораа долго да чекаат за да дознаат со кого го минува времето – со новата девојка, младата и атрактивна пејачка Ема Радујко.

Папараците ги „фатија“ заедно како шетаат низ градот, разменуваат нежности и без срам го потврдуваат тоа што досега само се шушкаше – дека се во врска.

Ема, која има само 20 години, веќе направи бранови на естрадата. Позната стана по хитот „Жена на фудбалер“, а судбината очигледно решила да ја награди со токму таков. Драгиша и Ема наводно се зближиле на летување со семејството Гудељ и пејачката Анастасија Ражнатовиќ.

Младата ѕвезда веќе има еден албум зад себе, а на Инстаграм ја следат повеќе од 400.000 фанови кои се воодушевени од нејзините провокативни фотографии. Мнозина ја споредуваат со Теодора Џехверовиќ, а некои дури велат дека е нејзина „двојничка“.

Пред Драгиша, Ема беше во врска со фудбалерот Урош Рачиќ – љубов што таа не ја криела и дури се шпекулира дека песната „Тајно моја“ била инспирирана токму од таа врска.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....