6.8 C
Скопје
07:39 - 31 март, 2026

Фризурата на Џенифер Гарнер: Актерката ги насмеа своите фанови со фотографија од детството

Instagram

Американската актерка Џенифер Гарнер (48) објави фотографија од своето детство, па се пошегува на сметка на својата фризура уште од младоста.

Имено, поранешната сопруга на Бен Афлек објави фотографија од нејзиното детство на социјалната мрежа Инстаграм, а бидејќи косата не ѝ е убаво потстрижана на сликата, таа објасни.

Instagram
Instagram

Понекогаш потстрижувањето од 8 долари можеше да излезе убаво, но не секогаш – напиша познатата актерка под објавата.

Таа ги насмеа своите следбеници со овој пост, а еден обожавател и напиша дека нејзиниот син Сем Афлек изгледа исто како неа во нејзината младост.

Instagram
Instagram

Гарнер ги има осумгодишниот син Сем, ќерката Виолет (14) и Серафина (11) со поранешниот сопруг Бен Афлек (48), кој моментално е во врска со актерката Ана Де Армас (32) и се шпекулира дека неодамна ја запросил.

Џенифер и Бен се во добри односи, а актерката неколку пати се обиде да му помогне да се справи со зависноста од алкохол, сепак, кога тие обиди станаа неуспешни, се разведе од него во 2018 година. Некое време се шушкаше дека започнала романса со нејзиниот колега Бредли Купер, но двајцата не се осврнаа воопшто кон таа приказна, па ниту ја потврдија ниту ја демантираа. Џенифер засега ужива во друштво на своите три деца, а во една прилика изјави дека се уште не е подготвена за нова љубов.


Слични објави

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Што се случило ноќта кога Винсент ван Гог си го отсекол увото

Еспресо

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо
Се вчитува....