23:00 - 30 октомври, 2026

(Фото) Живкица објави видео за најстариот син, Даријан: „Мајкин“

Водителката Живкица Каленикова објави интересна приказна за најстариот син Даријан кој е веќе тинејџер.

Тој летово ужива во морските авантури на Халкидики. Каленикова објави видео од својот син додека вози вејкборд, а кратко напиша:

„Мајкин“.

Даријан неодамна наполни 15 години и годинава беше полуматурант. Тој е најстарото од трите деца на Живкица и нејзиниот сопруг Зоран Калеников. Двојката ги има и синот Марко, кој има 13 години, и ќерката Ана, која има 12 години.

Каленикови и ова лето традиционално го поминуваат семејно покрај море. Живкица со сопругот и децата подолг период престојува во камп на Халкидики, од каде што споделува моменти од нивното летно секојдневие. Најновата објава е посветена токму на Даријан и неговата умешност на вода.

Водителката и претходно зборуваше за карактерите на своите три деца, а за Даријан рече дека е многу одговорен. Марко го опишала како најпргав и најдинамичен, а Ана како силна девојка.

Живкица со години успешно ги спојува телевизиската кариера и семејниот живот. Публиката долго ја препознаваше како авторка и водителка на „Тунел“, а денес ја води емисијата „Жилет шоу“.

„Сакам убава храна, сакам убаво да си јадеме, сакам да им зготвам на децата, така ми останало од мајка ми. Најубав комплимент ми е кога ќе влезат дома и кога ќе кажат: „Мириса како кај Нанче – кај мајка ми“. Тоа ми е најубавото нешто кога ќе го слушнам“, рече Живкица во едно интервју за „Слободен печат“.

Слични објави

Ѓоле Ѓогани искрено за бракот и имотот: „Се плашам повторно да не се разведам“

E.A.

Александра Радовиќ за тајната на својата линија и достоинственото стареење: „Не сакам да изгледам како мојата ќерка ниту да бидам пластична“

E.A.

Сара Јо го прослави 33. роденден со партнерот Алексеј Бјелогрлиќ – тој ја изненади со голема торта

Еспресо

(Фото) Живкица Каленикова ужива во есенскиот Њујорк: Романтично патување со сопругот Зоран

К.С.

Слоба Радановиќ ѝ го честиташе роденденот на сопругата на полноќ: „Среќен роденден, љубов моја“

Еспресо

Откажан настапот на Весна Змијанац поради здравствени проблеми: Пејачката се огласи и откри зошто нема да пее

Еспресо
Се вчитува....