6.8 C
Скопје
08:43 - 1 април, 2026

(Фото) „Ти благодарам Господе!“: Ирина и Павле Камилоски ги слават првите 40 дена со Лена!

Познатата планинарка Ирина Камилоска и нејзиниот сопруг Павле Камилоски со емоции и радост ја прославија 40-дневната пресвита на нивната ќеркичка Лена! Малата принцеза пристигна во нивните животи на 13 јануари 2025 година, правејќи го семејството Камилоски уште посреќно.

Ирина, која важи за вистинска спортска хероина, не се откажа од качување на Водно буквално до последниот ден од бременоста, а наскоро по породувањето повторно беше на врвот – но овојпат со Лена во кенгур!

Викендов семејството објави неколку преслатки фотографии со кои го одбележа јубилејот на малата наследничка.

Но, уште поемотивен е фактот што токму на овој датум започнала љубовната бајка на Ирина и Павле!

На Инстаграм, двојката сподели заеднички моменти од семејниот ручек во еден популарен скопски ресторан, а потоа следеа фотографии каде танцуваат елегантно облечени во црно, со љубовен сјај во очите.

„22.02.2022 палиндром

Датумот кога започна нашата љубовна приказна…
Истиот ден денес, нашата Лена направи 40 дена, а ние сме веќе четиричлено семејство.

Ти благодарам Господе за сите убавини што ми ги подари овие три години“, напиша Ирина во описот на фотографиите.

Слични објави

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо
Се вчитува....