1.8 C
Скопје
00:45 - 24 февруари, 2026

(Фото) Сузана Гавазова ѝ приреди „Барби“ роденденска забава на ќерка ѝ Емили

Македонската пејачка Сузана Гавазова ѝ приреди тематска „Барби“ забава на својата ќеркичка Емили, по повод нејзиниот 10. роденден.

Со украси и балони инспирирани од култната кукла и розева роденденска торта, малечкото девојче го прослави својот роденден со најблиските другарчиња покрај Дојранското Езеро.

„Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам.

Среќен 10. роденден ќеркичке наша, да си ни жива и здрава! Те сакаме наша Емили“, напиша пејачката во описот на фотографиите.

Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова
Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

Славеничката била облечена во долг виолетов фустан, налик оние кои ги носи куклата Барби, а Гавазова се одлучила за бел фустан и бела каубојска шапка, слична на онаа која ја носеше актерката Марго Роби во блокбастерот „Барби“ („Barbie“) минатата година.

Фото: Инстаграм/Сузана Гавазова

Слични објави

Кристина Арнаудова ги откри грешките од минатото и раскажа како го сменила животот

Еспресо

(Видео) Луксузната вила на Каќа Живковиќ: Пејачката го покажа раскошниот амбиент

Еспресо

(Видео) „Уапсени во Амстердам“: Марија Шерифовиќ објави видео што ги загрижи фановите

Еспресо

(Фото) Азис покажа како изгледа со силиконските гради: „Со тек на време убаво ќе ми легнат“

Еспресо

Прва фотографија од сопругот на Деа Ѓурѓевиќ: Запознајте го Лазар, нејзината љубов од училишните денови

E.A.

Ѕвездата на „Онлифанс“ откри дека е бремена по скандалозниот предизвик со 400 мажи

Еспресо
Се вчитува....