6.8 C
Скопје
22:57 - 19 март, 2026

(Фото) Србите со поддршка за Северина по „скандалот“ во Црна Гора: Кралице, те сакаме!

Откако изби голем скандал меѓу српските десничари бидејќи Северина на новогодишниот концерт во Црна Гора рекла „Не ја давајте Црна Гора“, пејачката на Инстаграм ги објави пораките што ги добива од своите фанови во Србија.

Се чини дека пејачката сѐ уште е сакана во Србија.

Севе на Инстаграм објави многу пораки со поддршка од целиот регион.

Еве како изгледаат пораките.

„Драга Северина, со својата новогодишна честитка во Котор ти докажа дека, сепак, си човек кој размислува, а таквите, за жал, секогаш им сметаат на политичките гарнитури кои изгледа тука се евергрин. Човек кој размислува, па уште и од редовите на естрадните уметници, каде сѐ треба да биде само гола забава и ништо повеќе. Ти си опозиција која тие навистина не ја очекуваа, а мултитаскингот и така им е катастрофа. Спорниот дел од твојата честитка е моралниот чин кој не би требало да изненади, па макар и да доаѓа од твој српски колега или колешка, а сличен глас своевремено доаѓаше и од Ѓорѓе Балашевиќ. Оваа наша прекрасна земја секогаш само добро им даваше. Поздрав за себе.“

Фото: Инстаграм/Северина

„Јас бев на концертот во Котор, а сум од Косово. Многу убаво си поминав. Секоја ваша песна ја пеев со уживање. Каков напад на Србија, кога не ја ни споменавте? Срамно. Цело време бев на концертот.“

Фото: Инстаграм/Северина

„Не обрнувај внимание на сељаците на кои единствено достигнување им е тоа што се припадници на некоја нација. Ти посакувам сѐ најубаво во Новата година.“

Фото: Инстаграм/Северина

„Севе, те сакам. Јас сум од Србија и сакам да те слушам и да те гледам. Не само тоа, туку и сум заљубен во тебе. Те сакам најмногу на светот.“

Фото: Инстаграм/Северина

„Иако сум Србин, јас те обожавам. Ти си ми најомилена пејачка и постојано те слушам. Те сакам. Не се давај, ти си херој.“

Фото: Инстаграм/Северина

Слични објави

(Фото) Петар Грашо наполни 50 години: Погледнете кои ѕвезди биле на роденденската забава на пејачот

Еспресо

Нарцисот го добил името по Нарцис, момчето што се вљубило во својот одраз – прочитајте ја легендата за парадоксот на љубовта

Еспресо

„Нема потреба да ми се јавува“: Милица Тодоровиќ го прекина контактот со колега по изјавите за нејзиниот партнер

E.A.

Нивес Целзиус во 4 наутро се пожали на здравствен проблем: „Најдобро е повеќе да не снимам“

E.A.

Гога Секулиќ избегала од Русија: Го прекинала одморот поради страв од војната

Еспресо

„Никогаш не сакав да му припаѓам само на еден маж“: Урсула Андрес, фаталната жена која сакаше без ограничувања

Еспресо
Се вчитува....