7.8 C
Скопје
09:30 - 31 март, 2026

(Фото) Спектакл во Охрид: Каролина Гочева во прегратките на Лени Кравиц

Американскиот пејач Лени Кравиц синоќа (4 август) ѝ приреди вистински спектакл на својата многубројна публика во Охрид, која со нетрпение го очекуваше неговиот трет концерт во Македонија. Тој првпат настапи во Охрид во 2008 година, а потоа имаше концерт и во Скопје во 2019 година.

Рок легендата уште еднаш покажа зошто важи за еден од најенергичните изведувачи и дека дури и во седмата деценија од својот живот знае да направи вистинско шоу на кое може да позавидат неговите помлади колеги.

Една од оние кои присуствуваа на овој концерт беше и македонската поп принцеза Каролина Гочева, која денес сподели заедничка фотографија со Кравиц на својот инстаграм-профил.

„Имал среќа што се сликал со тебе“, „Две вистински ѕвезди“, „Легенди“ и бројни коментари со љубов и воодушевување се најдоа под нејзината објава.

Фото: Инстаграм/Каролина Гочева

Слични објави

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

Хороскоп за 31 март: Раковите се фокусирани на семејството, Овните ќе се соочат со потешкотии

Еспресо

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо

Едита Арадиновиќ искрено за операциите: Двапати го оперирала носот поради проблеми со дишењето

Еспресо

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova
Се вчитува....