8.8 C
Скопје
16:58 - 19 февруари, 2026

(Фото) „Со себе зедовме само два куфера!“: Српската актерка што живее во Лос Анџелес го сподели емотивното искуство со пожарите

Српската манекенката и актерка Нина Сеничар, заедно со сопругот Џеј Елис и нивните две деца, мораше да го напушти својот дом во Лос Анџелес кога пожарот се приближи до нивната куќа.

Сеничар, која важи за една од најубавите Србинки, за италијанските медиуми зборуваше за ситуацијата во Лос Анџелес.

„Во моментот сум во Палм Спрингс, во пустина, на околу два часа од Лос Анџелес. Мораше да се евакуираме во средата, бидејќи огнот се приближуваше и беше на само два блока од нашата куќа. Во брзање ги зедовме најважните работи и ги спакувавме во два куфера. За жал, многу мои пријатели го изгубија сето она што го поседуваа. Она што најмногу ме плаши во оваа ситуација е непредвидливоста. Огнот може да избие во секое време и на било кое место, и изгледа дека немаме контрола врз нешто толку моќно“, изјави таа.

Таа додаде дека верува дека трагедијата тешко можела да се избегне, но смета дека е потребна „радикална промена во градската инфраструктура“.

„Лос Анџелес е многу специфичен град, навикнат на стабилна и сончева клима. Секоја климатска варијација, дури и поинтензивен дожд или посилен ветер, може да предизвика значителни проблеми кои не би се случиле во други градови. Во последните две години врнеше обилен дожд, поради што порасна многу вегетација. Минатото лето беше особено топло и суво, така што целата таа вегетација стана совршено гориво за пожарите“, објасни актерката.

Фото: Инстаграм/Нина Сеничар

„Покрај тоа, голем дел од градот има надземни далекуводи, што значи дека дури и при умерено силни ветрови жиците може да се скршат и да предизвикаат мали пожари кои брзо се шират. Не сум сигурна дека можело да се направи многу повеќе за да се спречи оваа трагедија, но верувам дека е потребна радикална промена во градската инфраструктура за поефикасно справување со ваквите вонредни ситуации,“ додаде Сеничар.

Актерката истакна дека трагедијата не ги погодува само ѕвездите, туку и голем дел од населението кое секојдневно се бори да преживее.

„Вистинската потешкотија ја чувствуваат обичните луѓе. Ако го изгубите својот дом и немате други средства, се наоѓате во драматична ситуација, особено ако се земе предвид дека времето потребно за да се добие осигурителна отштета е многу долго. Во меѓувреме, сè уште мора да ја плаќате хипотеката за куќата која веќе не постои“, заклучи таа.

Сеничар ја започна кариерата како водителка на италијанска телевизија, потоа се занимаваше со манекенство, а учествуваше и во реалното шоу „Островот на познатите“ кое се емитуваше во Италија. Подоцна се посвети на актерството.

Таа беше во врска со познатиот музичар Ерос Рамацоти, а својот сопруг Џеј Елис го запозна во 2015 година во бар во Лос Анџелес. Парот се венча во 2022 година во Тоскана и имаат две деца, синот Ноа и ќерката Нора.

Слични објави

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Естетска корекција на уши

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо

Цеца отворено за ромските веселби и бакшишот: „Би навредила некого ако одбијам!“

Еспресо

(Фото) Синчето на Едина Муса и Мачка наполни 1 година: Цела соба со играчки и балони, а и нов велосипед за малиот славеник!

Еспресо

Синот на Снежана Ѓуришиќ претепан поради долг од 500 евра: Откриени детали за четиричасовното малтретирање

Еспресо
Се вчитува....