Синот на Драган Којиќ Кеба, Игор Којиќ неодамна тајно се ожени со Софија Дачиќ, која е 15 години помлада од него.
Софија е многу активна на социјалните мрежи, а освен што снима за Тикток, редовно објавува и фотографии на Инстаграм.
Сега покажа слика од излегување, а за оваа прилика Софија облекла тесен, краток, светкав фустан. До неа е нејзиниот сопруг Игор , кој ја држи цврсто околу половината, а со нив има и пријатели.
Откако се венчаа на почетокот на месецот, Софија и Игор не се разделија. Нивната венчавка ги изненади сите со оглед на тоа што тие се заколнаа на вечна љубов по само десет дена познавање.