23.3 C
Скопје
01:57 - 7 август, 2026

(Фото) Северина им посака среќа на македонските фудбалери, тие ѝ подарија дрес

Во понеделник, македонската фудбалската репрезентација на Македонија ќе одигра пријателски натпревар со репрезентацијата на Хрватска. Македонците и Хрватите ќе си ги одмерат силите во Риека, а ова ќе биде еден од двата натпревари во јунскиот репрезентативен циклус.

Непосредно пред тргнувањето за Хрватска, нашите фудбалери имаа специјален гостин во хотелот „Дабл Три Хилтон“ во Скопје – регионалната музичка ѕвезда Северина Вучковиќ.

Таа им посака среќа на нашите репрезентативци, а тие ѝ подарија два дреса со бројот седум – едниот со нејзиното име, а другиот со името на син ѝ Александар.

Симболичниот подарок ѝ го врачија фудбалерите Александар Трајковски и Столе Димитриевски.

Фото: Инстаграм/ФФМ
Фото: Инстаграм/ФФМ

Слични објави

(Видео) Отпатуваа на нова луксузна дестинација – Дарко и Катарина Лазиќ уживаат во замок со огромен базен

Еспресо

(Фото) Маја Шупут во светкаво бикини блесна како морска сирена

Еспресо

„Девојката работи во неговите пекарници, прави бурек“: Јована Јеремиќ се огласи за поранешниот Драган и свршувачката

Еспресо

„Огњен нема деца од првиот брак, има син од вториот брак“: Изјавата на сопругата на Амиџиќ ги збуни сите

Еспресо

Ова е бизнисменот со кого Милица Тодоровиќ доби син?

Е.А.

Јаков Јозиновиќ апелираше до публиката да престане да фрла мобилни телефони на сцената

Еспресо
Се вчитува....