07:32 - 6 април, 2026

(Фото) Семејна идила: Ќерката на Гоце Тодоровски го прослави роденденот со најблиските

Ќерката на актерот Гоце Тодоровски, Сашенка, го одбележа својот роденден во домашна атмосфера.

На една од најпопуларните македонски фејсбук-страници, посветени на актерот Ѓорѓи Колозов и познатиот телевизиски проект „Македонски народни приказни“, беа објавени неколку фотографии од семејната прослава и дружба.

„Фамилијата Тодоровски го прослави роденденот на ќерката Сашенка!

Скромна семејна идила на чело со нашата легенда Гоце, потоа славеничката Сашенка, а тука се и сопругата на Гоце, зетот од ќерка со синот Гоце (крстен по актерот) и неговата ќерка Марија и нејзиното момче.

Сашенка ми пренесува дека Гоце испраќа поздрав до сите негови обожаватели, се крепи колку што може и сè уште е желен за работа, сè уште размислува да снима, жарот не згаснува!

Фала ти Сашенка што ме удостои со овие фотографии и среќен роденден“, напиша администраторот на страницата, Горан.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....