8.8 C
Скопје
11:15 - 1 април, 2026

(Фото) Се појави досега невидена фотографија на Ксенија Пајчин: Тогаш избега од Србија поради „заљубен моќник“ кој не ѝ давал мир

Иако поминаа петнаесет години од трагичната смрт на Ксенија Пајчин, сеќавањето на една од најубавите и најхаризматични пејачки од нашата сцена не избледува. На социјалните мрежи сè почесто излегуваат никогаш видени фотографии кои ја потсетуваат јавноста на нејзиниот изглед и шарм.

Така, неодамна се појави стара фотографија на која Ксенија позира во костим за капење со широка насмевка, а коментарите на обожавателите не престануваа да се редат. Некои тврдат дека сликата е направена во Грција, други дека е во Црна Гора, но сите се согласни дека е од периодот кога таа мораше да избега од Србија поради „заљубен моќник“ кој не ѝ давал мир.

Многумина жалеа што пејачката не успеа да сними повеќе материјал, а причината, како што тогаш се пишуваше, бил токму моќниот уредник кој ја прогонувал. Тој бил бесно заљубен во Ксенија, но таа не сакала ништо повеќе од професионална соработка. Кога го одбила, тој искористил влијание и врски за да го стопира нејзиниот нов албум – проект во кој вложила многу надеж.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ksenija Pajčin (@ksenija_pajcin)


Еден извор блиску до пејачката тогаш изјави: „Веднаш по НАТО-бомбардирањето Ксенија сними албум кој беше револуционерен за тоа време. Сакаше да го издаде преку најголемите издавачки куќи, но токму таму налета на уредникот кој беше опседнат со неа. Откако го одби, тој ги повлече сите врски и го забрани албумот. Ксенија тогаш на пријателите им рече дека материјалот е ставен во фиока. Тоа многу ја погодило и токму тогаш реши да избега во Грција за да се спаси од неговите закани“.

И самата Ксенија во едно интервју призна дека има албум кој никогаш не бил објавен.

„Кариерата ја започнав во групата Дак. Досега имам објавено неколку албуми, но еден остана во фиока поради проблеми со издавачката куќа. Работам нови песни, веќе имам напишано две и барам уште неколку“, рече тогаш пејачката.

Во биографиите достапни на интернет пишува дека Ксенија навистина заминала во Грција поради приватни проблеми и непријатни настани во Србија. Таму ја прифатил семеен пријател – кошаркарскиот менаџер Василис. Во Грција настапувала во дискотеки, била кореограф и шоумен на телевизијата Алфа, а публиката ја обожавала.

Сепак, идентитетот на човекот кој ѝ го уништил сонот за голем албум и кој ја натерал да замине од земјата, остана тајна што Ксенија ја понесе со себе во гроб.

Слични објави

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova

Почина Биба Струја, човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova
Се вчитува....