21:14 - 12 април, 2026

ФОТО/ Рајан Рејнолдс ужива во семејната идила: Пресреќен е како татко на три девојчиња

EPA

Популарниот актер со сопругата Блејк Лајвли има три прекрасни ќерки, Џејмс, Инес и Бети, и иако никогаш не се надевал дека ќе биде опкружен само со женски деца, денес тврди дека е пресреќен и тоа не би го менувал за ништо на светот.

– Сакам да бидам татко на моите девојчиња. Имам три ќерки, а всушност никогаш во милион години не би рекол дека тоа ме чека. Доаѓам од семејство каде сите деца беа машки. Имам тројца постари браќа. Засега за мене да бидам татко на девојчиња е прекрасно искуство и едноставно уживам во тоа – вели Рејнолдс.

Profimedia

Холивудскиот заводник, кој е во брак со една од најзгодните актерки, Блејк Лајвли, открива која е тајната на складниот семеен живот што го води. Покрај тоа се обиде да објасни што значи да се биде добар татко.Прочитајте и…  Дневен хороскоп за петок, 20 ноември 2020: Биковите ги очекуваат добри пари, стрелците пред пресврт

– Најважно е да се биде присутен. Се обидувам ништо да не пропуштам. Со Блејк никогаш не сме разделени кога одиме да снимаме филмови, секогаш заедно патуваме на секоја локација каде што се одвива снимањето. Мислам дека тоа е клучен момент. Заедно сме колку што можеме, си помагаме еден на друг и едноставно уживаме. Многу сум тажен кога сум разделен од моите девојки – изјави 44-годишникот.

EPA/MIKE NELSON

Со убавата Блејк, Рејнолдс е во брак од 2012 година и заедно ги имаат петгодишната Џејмс, четиригодишната Инес и едногодишната Бети.

Ѕвездата на филмот „Дедпул“ потоа откри дека не му пречи да прави женски работи и да си игра со женските играчки на неговите девојчиња.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо

Незаборавни филмови со библиски приказни за Велигден: Ако не сте ги гледале, не ги пропуштајте за празниците

Еспресо

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо
Се вчитува....