12.8 C
Скопје
17:32 - 3 април, 2026

(Фото) „Победивме“: Горан Папаз ќе стане татко на тројка, музичарот сподели фотографија од ултразвукот

Македонскиот саксофонист Горан Папазоски – Папаз и неговата сопруга Наташа Атанасовска ќе станат родители на тројка.

Славниот музичар, кој на јавноста ѝ стана познат по ангажманот во групата „Суперхикс“, ја објави среќната вест на Инстаграм и ги покажа фотографиите од ултразвукот.

„Шансите да добиеш природна тројка биле 1 на 1.000. Ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.

П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Папаз во описот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Goran Papazz (@goranpapazz)

Да потсетиме, Горан и Наташа стапија во брак пред две години. Тогаш направија голема свадбена прослава, на која присуствуваа членови на блиското семејство и нивните пријатели.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумов. Фала ви на сите што сте дел од мојов, нашиот живот, ми го направивте денот најубав. Нате, не дека си моја, ама најубава си ми. Те сакам до небото“ напиша тогаш познатиот саксофонист.

Инаку, музичарот веќе има еден син од претходниот брак, Дамиан.

Слични објави

Мали трикови за беспрекорно варени јајца за Велигден

Т.Ц.

Раскинаа ли Јована Јеремиќ и Тигар? Водителката се огласи додека тој ужива во Грција: „Избери маж кој не бега кога е тешко, туку останува“

Еспресо

(Фото) На 62 изгледа неверојатно – Ел Макферсон сè уште воодушевува во долна облека!

Еспресо

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.
Се вчитува....