13:59 - 13 април, 2026

ФОТО: По борбата со зависности, Аманда Бајнс сменета до непрепознатливост

Актерката Аманда Бајнс шест месеци живееше скриена од медиумите и јавноста.

Пред неколку дена таа беше фотографирана во прошетка со свршеникот Пол Мајклс и никој не можеше да ја препознае.

Profimedia

Причина за тоа е долгата борба со зависности од опијати, лекови и алкохол. Иако таа е непрепознатлива, сепак многумина забележаа дека изгледа подобро за разлика од претходните години, а за тоа тврдат дека е заслужен свршеникот Пол, кој ѝ помага во борбата со зависностите.

Profimedia

Тие се свршија на Денот на вљубените оваа година, а наводно Аманда ги поправила односите и со родителите.

Аманда на седум години ја започна кариерата која одеше во нагорна линија, но не успеа да ја избегне судбината на многу детски актерски ѕвезди. Пред девет години престана да се занимава со актерство, а пред шест години се случи инцидент, кој беше кулминација на нејзините психички проблеми.

Profimedia

Стана позната по небулозните изјави на Твитер и напади кон други јавни личности, беше фатена како вози под дејство на алкохол без дозвола, а врв беше кога на непознат човек му подметна пожар во дворот, во кој настрада и нејзиното кученце.

Profimedia

Откако замина на лекување, а кариерата ѝ пропадна, таа живееше со 50 долари дневно што ги добиваше од родителите. До оваа година со судски налог живееше под надзор од мајка ѝ.

Аманда неодамна заврши моден дизајн и се обидува да се врати во нормален живот.

EPA/PETER FOLEY
EPA/PAUL BUCK

Слични објави

Тридневна детокс диета за прочистување на црниот дроб, желудникот и целиот организам

Т.Ц.

Миљана Кулиќ скршена на Велигден: „Одам да ја погребам“

Еспресо

Неделен хороскоп: Големи одлуки, нови шанси и неочекувани средби

Т.Ц.

„Никој не ја жали, мисли дека е најпаметна“: Блејк Лајвли важи за „тешка соработничка“

Т.Ц.

Едита Арадиновиќ доживеа вистински хаос во клуб – на бремената пејачка ѝ бил испрскан солзавец, па настапот бил прекинат

Еспресо

(Видео) Цеца Ражнатовиќ подготви богата велигденска трпеза – пејачката ја покажа семејната атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....