Хрватскиот пејач Петар Грашо денеска го прослави својот 50-ти роденден, а бил пречекан на голема прослава на која биле собрани бројни познати личности.
Пријателите на Грашо споделија делови од атмосферата од забавата на своите профили на Инстаграм.
Така, музичката ѕвезда Нина Бадриќ споделила серија фотографии од прославата и му упатила на Грашо трогателна порака која сведочи за нивното длабоко пријателство што трае со децении.
На една од фотографиите стои натписот „Секогаш ист… 50“ (Uvik isti… 50), референца на еден од најголемите хитови на Грашо и совршено мото за прослава на толку важна пресвртница во животот.
View this post on Instagram
Нина во својата објава не криела колку Петар ѝ значи, како на приватен, така и на професионален план. Го опишла како свој „најмил човек од музичката сцена“, па се осврнала на нивниот заеднички пат.
„Откако се познаваме, прекрасно се следевме низ кариерата и животот и среќна сум што сме генерација (ај што сега… година горе-долу), па на оваа сцена стасавме заедно. Те сакам затоа што си, пред сè, прекрасен човек, голема радост и пријател“, напишала Нина, откривајќи ја длабочината на нивната врска.
На една од низата фотографии е и Јелена Розга, која насмеано позирала со Бадриќ
На прославата била и хрватската актерка Мирјана Микулец, која, судејќи според објавените фотографии, добро се забавувала.
View this post on Instagram
Прославата не ја пропуштила ниту поранешната хрватска манекенка и мис Викторија Раѓа, сопруга на познатиот хрватски кошаркар Дино Раѓа, која исто така се фотографирала со славеникот.
View this post on Instagram
