15:58 - 5 декември, 2025

(Фото) Ова е луксузниот дом што го напушти Харис Џиновиќ со разводот: Два милиона евра, мебел од Париз, студио…

Во 2021 година Харис Џиновиќ официјално се всели во луксузна вила во белгадската населба Сењак, која ја градеше за себе и за своето семејство од 2017 година.

принтскрин папарацо лов

Се пишуваше дека во својот нов дом вложил вртоглави два милиони евра, додека работите траеле многу долго бидејќи постојано ги менувал плановите. Како што кажа и самиот пејач, веќе изградените ѕидови се уриваа за се да се вклопи во неговата визија за идеален дом. Куќата е околу 930 метри квадратни, а неговата ќерка Џина еднаш покажа некои делови од домот на Инстаграм.

Подоцна, екипата на српската емисија „Папарацо лов“ направи неколку папарацо фотографии од новиот дом на Џиновиќ и тоа токму кога организираше забава за пријателите за да го покаже домот.

принтскрин Папарацо лов
принтскрин Папарацо лов
принтскрин Папарацо лов
принтскрин Папарацо лов

„Бидејќи вилата има повеќе од 930 метри квадратни беше сосема извесно дека ќе има простор и за неговото студио. Најверојатно ќе биде на вториот кат со сета потребна звучна изолација за да не го наруши мирот во куќата со пеење ако децата сакаат да учат. Вратите на неговото студио ќе бидат отворени и за неговите колеги. Опремата доаѓа од музички компании кои ги опремуваат најдобрите светски студија“, изјави тогаш извор за српските медиуми.

„Голема дневна соба, бројни соби, ходници и детски соби, опремени според желбите на Џина и Кан, ќе бидат само дел од она што ќе го сочинува овој дом, кој Харис реши да си го дозволи по многу години на сцената. Куќата има и теретана, сала за прослави, спа центар“, рече тогаш изворот.

Бидејќи со години живеел во Франција, Харис, според медиумите, дошол на идеја да најде парчиња мебел за домот во Париз, градот каде што имаше сопствен ресторан пред многу години.

Слични објави

Нови детали од разводот: Ана Ивановиќ и Бастијан не сакаат да се сретнат по никоја цена!

Еспресо

Халид Муслимовиќ пред самиот концерт завршил на инфузија! Еве што му се случило…

Еспресо

Саша Ковачевиќ ја разоткри Емина Јаховиќ! Ваков лут поради нејзината лага досега не сте го виделе!

Еспресо

(Фото) Димитар и Маја како деца останаа без татко во Битола, ова жена ги одгледа: Денеска на посебен начин ѝ заблагодарија

Еспресо

(Видео) И небото „заплака“: Познатиот музичар ја отсвири најтажната балада на гробот на Џеј Рамадановски на дожд

Еспресо

(Фото) Само тој ова го може: Сања го испофали Слаткаристика

msp-admin
Се вчитува....