5.8 C
Скопје
01:30 - 1 април, 2026

(ФОТО) Нина Сеничар ги засени холивудските ѕвезди на црвениот тепих

Српската актерка, водителка и манкенка, Нина Сеничар, блесна на црвениот тепих за време на доделувањето на Оскарите.

Таа на церемонијата се појави во креација на „Dolce & Gabbana“ со дискретен накит и во придружба на нејзиниот сопруг, американскиот актер Џеј Елис.

Долгиот црн фустан со кристали, пердуви и нагласен корсет беше доста впечатлив, но во исто време елегантен и ги истакна сите атрибути на Нина. Покрај тоа, таа имаше едноставна шминка, а нејзината распуштена коса и долгите бранови само додадоа впечаток на вистински гламур.

Нина ја отелотвори Кери во серијата „The Downside of Bliss“ со актерите Ерик Робертс (Ерик) и Били Зејн (Били Зејн) во главните улоги.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Нина Сеничар ја започна својата кариера како модел и телевизиски презентер, настапувајќи на италијанската телевизија. Нејзината врска со еден од најпознатите светски пејачи, Ерос Рамацоти, започна во 2006 година. По раскинувањето, останале во пријателски односи. Нина и Џеј биле во врска од 2015 година, но тоа го потврдија дури во 2017 година. Тие ја имаат ќерката Нора Грејс, која ја добија во ноември 2019 година.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nina Senicar (@ninasenicar)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....