21:57 - 9 април, 2026

(Фото) Моника Левински на голема врата се врати на сцената: Никогаш не изгледала подобро

Моника Левински на целиот свет му беше позната како љубовница на тогашниот американски претседател Бил Клинтон, а сега стана заштитно лице на модниот бренд Reformation.

Причините поради кои оваа 50-годишна активистка зачекори во светот на модата се, погодувате, политички – да ги поттикне жените да учествуваат на претседателските избори што годинава ќе се одржат во САД.

„Моника Левински ја врати својата моќ и ги охрабрува луѓето да гласаат и тоа на модерен начин“, објави списанието Пипл.

Поранешната практикантка во Белата куќа, сега активистка, се приклучи на кампањата на брендот Reformation наречена „Ти ја имаш моќта“, со цел да ја подигне свеста за важноста да се излезе на претстојните претседателски избори.

„Гласањето е начин да се слушне нашиот глас и тоа е најмоќниот аспект на демократијата“, рече Левински.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reformation (@reformation)

Таа додаде дека учеството на изборите е секогаш важно, но дека влогот е особено голем оваа година, кога „фрустрацијата и апатијата на гласачите се закануваат значително да влијаат на исходот од изборите“.

Слични објави

(Фото) Лидија Вукичевиќ денес слави – му се обрати на својот син со емотивни зборови: „Љубов моја…“

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се причестила на Велики четврток, а се расплакала поради сцената што ја доживеала на пазар

Еспресо

Аца Лукаc откри детали од скандалот во Гетеборг: „Бевме измамени и лажно претставени“

Еспресо

Првото јавно појавување на Дарко Лазиќ во Србија по смртта на брат му: Имал една голема причина

Еспресо

Милан Станковиќ во духовна потрага: Велигденскиот пост го минува по манастири со мајка му

Еспресо

(Видео) Рале фатен како купува цвеќе за Ана, додека нејзината ќерка била со него

Еспресо
Се вчитува....