5.8 C
Скопје
06:04 - 24 март, 2026

(Фото) Марија Шерифовиќ му најде работа на уличниот музичар кој спиеше под мост: „Презадоволен сум…“

Приказната за момчето, уличен музичар од Зеница, кое спиеше под мост, Мустафа Хрустиќ, ги трогна сите, а особено пејачката Марија Шерифовиќ, па реши да му помогне и од корен да му го промени животот.

Популарната пејачка му го реши станбеното прашање на Мустафа, му плаќа кирија за една година, како и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Марија Шерифовиќ не застана тука, па заедно со градоначалникот му најде работа во Зеница, каде ќе поправа базени.

На интернет е објавено видео на кое се гледа како изгледа работниот ден на Мустафа, а тој вели дека е презадоволен.

– Работам се. Кога има гужва има повеќе работа, но јас сум задоволен. Не ми е досадно. Сега сум среќен, фала богу. Некои ми пишаа дека не сум сакам да работам, но тоа не е точно, само да е чесна работа и толку. Убаво ми е, не размислувам дали ќе заработам доволно и да имам за себе, знам дека ќе добијам плата за еден месец.

Да потсетиме, животната приказна на Мустафа е многу тешка. Како седумгодишно момче ги загубил родителите, а луѓето кои се грижеле за него го принудувале да заработува уште од мали нозе. Така уличниот музичар го загуби правото на среќно и безгрижно детство, но и правото на образование, за што сега ја плаќа цената.

Слични објави

Чипка, корсет и подвески: Сидни Свини сама си е најдобра реклама

Еспресо

„Не седев дома, бидејќи имам дете кое доцни во говорот“: Гога Секулиќ откри низ што поминува по смртта на мајка си

apostolova

(Фото+видео) Сенида направи трансформација на изгледот: Пејачката ги искомбинира русите прамени со драматичен црн аутфит

Еспресо

„Најдлабоките мисли ми се…“ Каспер откри детали од интимата со Мина Костиќ

E.A.

Луксуз или претерување? Речиси 18 милиони евра на една фотографија на Кристијано Роналдо и Георгина Родригез

Еспресо

Дара Бубамара нема да ја гледаме во жирито на Ѕвездите на Гранд: Откриено е кој ќе ја замени

E.A.
Се вчитува....