09:16 - 2 април, 2026

(ФОТО) МАЈА ОЏАКЛИЕВСКА СТАНА БАБА ПО ВТОР ПАТ: Нејзината помала ќерка Андреа доби син

Нашата позната пејачка Маја Оџаклиевска важеше и сè уште важи за една од најубавите и најталентираните пејачки на забавна музика кај нас и на целата територија на поранешна Југославија.

Оџаклиевска долги години живее и работи во Србија, и иако веќе некој период се повлече од естрадата, нејзините песни уште се пејат насекаде.

Маја по втор пат стана баба, откако нејзината помала ќерка Андреа доби син од бракот со сопругот Милош.

Фото: Принтскрин/ Instagram

Долгогодишната врска Андреа и Милош ја озаконија во мај оваа година, а на свадбената прослава Маја по желба на својата ќерка и зет отпеа дел од нејзините безвременски хитови.

Многумина ќе кажат убавината е наследна – во овој случај тоа е повеќе од вистина. Андреа Оџаклиевска е вистинска убавица и копија на нејзината мајка.

Фото: Принтскрин/ Instagram

Андреа е активна на социјалните мрежи, а нејзиниот инстаграм-профил е исполнет со бројни фотографии на кои може да се забележи убавината и прекрасната широка насмевка која со сигурност ја наследила од својата мајка.

Маја, покрај ќерката Андреа, ја има и ќерката Теа од која го има шестгодишниот внук Лука.

Оџаклиевска се повлече од сцената пред повеќе од 20 години, а денес ужива во пензионерските денови, иако воопшто не и се лесни затоа што нејзината пензија е мала. Како што неодамна истакна, таа целосно му се посвети на својот деветгодишен внук од постарата ќерка, кој е дете со аутизам.

Слични објави

(Видео) Драма на снимање – Атанас Атанасовски едвај се спасил

Еспресо

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо
Се вчитува....