7.8 C
Скопје
08:06 - 2 април, 2026

(Фото) Љупка Митрова блеска во Венеција: Модно усогласена со ќерките, нежна со сопругот

Инфлуенсерката и сопственичка на модното студио „Митров“, Љупка Митрова, ова лето живее навистина динамично и исполнето.

По свадбата и модната ревија во Струмица, како и низа патувања на кои беше само со својот сопруг Георги, таа сега ужива на семејно патување во Венеција заедно со него и двете ќерки од првиот брак, Сандра и Елена.

Фото: Истаграм/Љупка Митрова

Ќерките на Љупка веќе се пораснати и, како што може да се забележи од фотографиите, нивниот стил е мошне сличен на оној на мајка им. Така, додека Љупка прошетала во црн фустан со бели точки, постарата Сандра носела идентичен модел, само во бела варијанта со црни точки. Помалата Елена, пак, се појавила во шармантен фустан со лимони и цветчиња, а мајка ѝ ја усогласила комбинацијата со чанта и шешир со дезен на цреши.

Фото: Истаграм/Љупка Митрова

Семејството ги користи деновите во градот на каналите за прошетки, дегустација на италијанска храна и романтични моменти. На дел од фотографиите, Љупка и Георги не кријат дека уживаат во љубовта и нежностите еден кон друг, додека ќерките им прават друштво во автентичната атмосфера на Венеција.

Фото: Истаграм/Љупка Митрова

На својот Инстаграм профил, Љупка сподели фотографии и видеа од патувањето, придружени со кратка, но емотивна порака: „Се вљубив во Венеција“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ljupka MITROVA 🫀 (@ljupka_mitrova)

Слични објави

Хороскоп за 2 април: Овните ќе бидат вознемирени, Лавовите ќе избегнуваат конфликти

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.
Се вчитува....