15:48 - 3 април, 2026

(Фото) Лила за тешката битка со ракот: Го гледам светот со розеви очила – така е поубав

На крајот од октомври, месец посветен на подигнување на свеста за ракот на дојка, македонската водителка Лила Филиповска облече розово – бојата која ја симболизира поддршката за сите оние кои се борат со оваа тешка болест.

Инаку, и самата таа ја водеше оваа макотрпна битка и излезе од неа како победник.

Сега таа сподели нова објава на Инстаграм и ги потсети своите женски следбеници дека треба да прават редовни лекарски прегледи, но и да уживаат во животот.

„Иако ретко ја носам, розевата боја отсекогаш ми била една од омилените бои, а сега, дефинитивно, ми е најомилена.

Па, јас сакам да го гледам светот со розови очила, така е многу поубав, така го гледав и периодот што е зад мене.

Драги мои дами, сега облеков розево за да ве потсетам редовно да се прегледувате и да не чекате, бидејќи раната превенција значи живот!

Изберете живот и не заборавајте канцерот не знае ни кои сте, ни колку години имате, ни од каде доаѓате. Проверете се и уживајте во животот“, напиша таа на својот инстаграм-профил.

Фото: Инстаграм/Лила Филиповска

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....