6.8 C
Скопје
04:24 - 23 март, 2026

(Фото) Каролина замина од Македонија, се огласи од оваа далечна земја

Каролина Гочева замина од Македонија и се огласи од далечна земја, со приказна на својот инстаграм-профил.

Поп-ѕвездата се јави од Јапонија, поточно од Токио, каде што веројатно е замината на одмор со својот сопруг, уметникот Михаил Корубин. Каролина потоа сподели видео од уште неколку интересни места кои ги истражува од Јапонија, со нивната специфична култура и традиција.

Фото / Инстаграм

Неодамна, пејачката искрено раскажа за својата љубовна приказна со сопругот Михаил Корубин, со кого е во брак од 2017.

Каролина беше доста духовита во одговорите гостувајќи на една српска телевизија. Едно од прашањата на водителот Бошко Јаковљевиќ беше дали ѝ пречи што сопругот е помлад од неа.

– Во Холивуд се сите со помлади мажи. Тоа е тој светски тренд, а јас сакам да ги следам трендовите. Не, се шегувам. Едноставно, ќе се споиш со некоја личност, особено како возрасни луѓе. А, ние веќе бевме во триесеттите кога се запознавме – рече Каролина.

 

Слични објави

Кралицата Камила се почести со „нови“ веѓи, ги платила 1700 евра

Еспресо

„Не е во нивна сопственост“: Ана Николиќ и Рале се иселиле од куќата на Авала, еве каде живеат сега

Еспресо

Гвинет Палтроу за ноќта на Оскарите: Не можев да одам во тоалет, мораа да ме „зашијат“ во фустанот

Еспресо

„Сакам постари, ама не баш толку“: Коментарот на Јаков Јозиновиќ за Наташа Беквалац стана хит

Еспресо

Како да ги освежите лалињата во вазна? Градинарка откри добар трик, откако тестирала три методи

Еспресо

Астросовети за секој хороскопски знак за неделата што следи – дали ѕвездите се на ваша страна?

Еспресо
Се вчитува....