10:17 - 7 април, 2026

(Фото) Игор Џамбазов повторно жртва! Се појави лажна реклама со актерот во која се вели дека ослабнал 27 килограми за 34 дена

На социјалните мрежи се појави измамничка реклама во која се злоупотребува името на Игор Џамбазов, а во неа се тврди дека познатиот актер наводно ослабел 27 килограми за само 34 дена.

„Благодарение на оваа метода, актерот Игор Џамбазов изгуби 27 килограми за четири недели, додека сите негови пријатели и колеги се здебелија“, се вели во лажната реклама.

„Морам да признаам дека го купив производот со големи емоции. Помислив дека е уште еден од оние магични препарати за слабеење што ги гледам секој ден… Но решив да ризикувам, мораше брзо да ослабам. Првите два дена не почувствував ништо и почнав да се сомневам во производот. По 34 дена континуирана употреба решив да престанам. Веќе бев изгубил 27 килограми и не сакав повеќе да ослабам, се чувствував премногу слаб. Морам да признаам дека овој резултат ме потресе. Не очекував да изгубам толку многу за толку кратко време“, е наводната изјава на Џамбазов која е објавена во рекламата.

Покрај текстот, во рекламата се објавени и фотомонтажи од актерот, прикажани како „пред“ и „потоа“.

Фото: Скриншот

Слични објави

(Фото) Нина Црнокрак доби важна титула, стана Мис тинејџерка на галаксијата 2026“, гордиот татко Мики се пофали

msp-admin

(Фото) Братот на Мина Наумовиќ е сон на многу жени

E.A.

(Фото) Отакако се омажи, Дани Димитровска го смени животниот стил

msp-admin

Хороскоп за 7 април: Раковите носат важна одлука од срце, Водолиите прават чекор кон слобода

Еспресо

Дара Бубамара за хејтерите: „Не смеат да ти кажат во лице, па зборуваат зад грб“

Еспресо

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо
Се вчитува....