5.8 C
Скопје
00:16 - 1 април, 2026

(Фото) И покрај шпекулациите за нивниот однос, поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ покажа која жена е најважна во неговиот живот

Наследниците на српската пејачка Драгана Мирковиќ и бизнисменот Тони Бијелиќ, Мануела и Марко никогаш не се експонирале јавно, а по разводот на нивните родители, ќерката и синот заедно со нивната мајка заминале на турнеи низ Европа.

Од друга страна, односот на децата со нивниот татко Тони постојано беше доведуван во прашање, а се чини дека сега миленичката на бизнисменот и пејачката го прекинала молчењето, објави српски „Телеграф“.

Имено, една година по разводот на нејзините родители, Мануела Бијелиќ се најде на фотографија во прегратката на својот татко и со тоа стави крај на многу шпекулации.

Бизнисменот Тони Бијелиќ, ретко се огласува на социјалните мрежи, а дури и ако го прави тоа, тие се најчесто поврзани со неговата работа. Ретко објавува приватни фотографии, особено откако се разведе од фолк дивата. Затоа една приватна фотографија од Тони Бијелиќ, која се појави на неговиот инстаграм-профил пред неколку часа, ги воодушеви сите.

– Принцезата на тато – напиша Бијелиќ на фотографијаја со прекрасната ќерка која неверојатно личи на нејзината мајка Драгана. На фотографијата Тони ставил и три емотикони во облик на срце.

Да потсетиме, неодамна Мануела и Марко започнаа бизнис, кога решијат дел од нивниот замок Ебенфурт, јужно од Виена, да го изнајмуваат за приватни прослави.

Синот на Драгана Мирковиќ, Марко Бијелиќ, одржа тајна венчавка во семејниот замок.

Венчавката на Марко Бијелиќ, син на една од најголемите фолк ѕвезди од Балканот, Драгана Мирковиќ, и неговата избраничка, Мелани Димитријевиќ, се одржа во тајност, далеку од очите на јавноста, а првите фотографии што се појавија на социјалните мрежи открија дека станува збор за прекрасен амбиент.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....