18.8 C
Скопје
16:15 - 11 март, 2026

(Фото) „Господе, ти благодарам“: Вљубените Едина Муса и Мачка уживаат на Пониква

Кошаркарката Едина Муса и нејзиниот сопруг Александар Димитровски – Мачка одлучија да се повлечат од градскиот хаос и да уживаат во снежната идила на Пониква, која е една од најубавите зимски дестинации во Македонија.

Двојката неодамна го изговори судбоносното „да“, а во септември годинава ја соопштија среќната вест дека ќе станат родители на момче, кое ќе го носи името Максим.

Сега убавата спортистка објави фотографии од нивното зимско патување и ја искажа својата благодарност за животните благослови.

„Ова е моја последна година од тоа да сум само јас. Во 2025 година ќе бидам наградена со титулата мајка на мало, прекрасно момче.

Господе, ти благодарам што ме благослови да имам сѐ што посакував – дете и прекрасно семејство“, напиша Муса во описот на фотографиите, кои денеска ги објави на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/Едина Муса
Фото: Инстаграм/Едина Муса

Да потсетиме, Александар Димитровски – Мачка претходно беше во брак со пејачката Тамара Тодевска и со неа има две деца – ќерката Хана и синот Дарен, кои беа специјални гости на неодамнешната свадбена прослава на Мачка и Муса.

Слични објави

Традиционални македонски рецепти: Посно макало од ореви

Еспресо

(Фото) Луна Ѓогани во провокативно издание од Малдиви: Голи нозе, длабоко деколте и безброј коментари

Еспресо

(Видео) Јована Јеремиќ за свршувачката со Тигар: „Јас сум реинкарнација на неговиот покоен татко“

Еспресо

Јелена Розга проговори за плановите за свадба со Иван Хуљиќ

Еспресо

(Фото) Сара и Димитар на втор меден месец на минус четири степени

msp-admin

Поранешната свршеница на Лука Дончиќ поднела барање за алиментација, тој порача: Секогаш ќе се борам да бидам со ќерките

Е.А.
Се вчитува....