18:02 - 12 април, 2026

(Фото) „Браво мајсторе“: Горан Папаз и сопругата станаа родители на тројка, им дадоа интересни имиња на ќерките и синот

Македонскиот саксофонист Горан Папазоски – Папаз и неговата сопруга Наташа Атанасовска станаа родители на тројка.

Наташа се породи вчера, 30 декември, и на свет ги донесе ќерките Лена и Лука и синот Лазар.

Двојката веќе доби бројни честитки на социјалните мрежи за приновата.

Да потсетиме, славниот музичар, кој на јавноста ѝ стана познат по ангажманот во групата „Суперхикс“, ја објави среќната вест дека ќе стане татко во август годинава и ги покажа фотографиите од ултразвукот.

„Шансите да добиеш природна тројка биле 1 на 1.000. Ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше.

П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“, напиша Папаз во описот.

Фото: Инстаграм/Горан Папаз

Да потсетиме, Горан и Наташа стапија во брак пред две години. Тогаш направија голема свадбена прослава, на која присуствуваа членови на блиското семејство и нивните пријатели.

„Јас сум најсреќниот човек во универзумов. Фала ви на сите што сте дел од мојов, нашиот живот, ми го направивте денот најубав. Нате, не дека си моја, ама најубава си ми. Те сакам до небото“ напиша тогаш познатиот саксофонист.

Инаку, музичарот веќе има еден син од претходниот брак, Дамиан.

Фото: Инстаграм/Горан Папаз

 

Слични објави

„Не би му препорачала никому да се пријави на избор за убавина“: Мис Универзум изненади со изјавата

Т.Ц.

(Видео) Тагата не стивнува – Дарко Лазиќ испрати велигденска порака, па ги трогна сите со низа објави на социјалните мрежи

Еспресо

Кое е значењето на јајцето „чуваркуќа“ и што треба да се направи со тоа од минатата година?

Т.Ц.

(Фото) Едита се спрема за раѓањето на ќерката – пејачката покажа какви модерни работи купила за својата наследничка

Еспресо

(Фото) Марија Шерифовиќ го прославува Велигден на Бали – ужива во празнична трпеза со семејството и Јована Пајиќ

Еспресо

Стапчиња од лиснато тесто со пармезан крцкави, миризливи и готови за 15 минути

Т.Ц.
Се вчитува....