26.8 C
Скопје
17:15 - 2 јуни, 2026

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Ѕвездата од Онлифанс, Бони Блу, призна дека целата приказна за нејзината наводна бременост била измислена, со што ги потврди гласините што подолг период кружеа на социјалните мрежи, пренесува британски „Мирор“.

Блу, чие вистинско име е Тиа Билингер, во февруари привлече огромно внимание кога објави дека очекува дете, при што сподели и фотографија од позитивен тест за бременост. Тогаш тврдеше дека веќе некое време е бремена и истакна дека тоа нема да ја спречи да продолжи со провокативната содржина што ја објавува.

Во едно видео на ТикТок изрази голема возбуда, но и посочи дека новонастанатата ситуација ѝ создава тешкотии во балансирањето меѓу приватниот живот и онлајн-имиџот.

Нејзините изјави предизвикаа бурни реакции, особено кај луѓе кои поминале низ спонтан абортус, па ја обвинија за нечувствителност. Таа возврати дека има право сама да одлучи како ќе ја сподели ваквата вест, додавајќи дека не се потсмева со ничии лични трагедии и дека туѓите искуства не се нејзина одговорност.

Сепак, само неколку недели подоцна, по тврдењата дека забременила по контроверзен „подвиг“ со 400 мажи, Блу призна дека сè било дел од намерна измама. Во ново видео откри дека користела лажен труднички стомак.

Јавувајќи се од луксузна вила во Мексико, таа изјави дека „пролетниот распуст завршил“ и дека повеќе нема потреба од реквизитот, благодарејќи им иронично на оние што „наседнале“ на нејзината провокација. Според неа, видеата собрале над 100 милиони прегледи и ѝ донеле значителна заработка.

@bonnieblue

spend the day with me

♬ original sound – Bonnie Blue


По објавата, следуваа бројни критики на социјалните мрежи, при што дел од корисниците изразија недоумување зошто воопшто добива поддршка, додека други тврдеа дека не поверувале во приказната. Блу дополнително напиша дека „ги изрејџбејтнала сите“.

Слични објави

Дара Бубамара ја завршила минатата година со милионска загуба: Еве за што станува збор

Еспресо

„Сидни Свини сакаше да ги снима експлицитните сцени“ – авторот на „Еуфорија“ откри детали за снимањето на серијата!

Еспресо

Душко Тошиќ го отвори паричникот: На ќерките Атина и Ника им купил луксузни недвижности

Еспресо

(Фото) Антониа во безгрижна игра со Киан: Во вакво издание не ја знаеме

Еспресо

Карлеуша го обвини Душко Тошиќ за физички напад: „Не сакам моето име да се поврзува со него“

Еспресо

Лука да не те нервира: Оригинална роденденска честитка од Тијана за Тамара

msp-admin
Се вчитува....