11:24 - 3 април, 2026

(Фото) Бојана Скендеровски наполни 40 години: Благодарна сум за сѐ што имам!

Пејачката Бојана Скендеровски вчера го прослави нејзиниот јубилеен 40. роденден.

Бидејќи нејзиниот роденден се совпаѓа со Денот на вљубените – 14 февруари, таа направи роденденска прослава во знакот на љубовта и виното.

На овој важен ден, покрај неа беа нејзиниот сопруг, децата, родителите и сестра ѝ.

„Добредојдовте 40 и со букви (четириесетти). Бидете добри, ветувам дека ќе останам искрена и верна кон сѐ што сакам да остварам.

Господе, ти благодарам што ми го овозможи сето ова – здравје, семејство, љубов, пријатели. Среќна сум со сѐ што живеам и имам.

Пријатели, јас сум богата жена – духовно. Денешниот ден ми го направивте посебен со секој момент и гест што го направивте и со секоја убава мисла што ми ја испративте.

Да сте живи и здрави, одиме понатаму!“, напиша таа на Инстаграм.

Слични објави

(Видео) Стара снимка од Здравко Чолиќ од теретана го „запали“ интернетот – вака вежбал легендарниот пејач на времето!

К.С.

(Фото) „Кај одиме вакви?“: Маја Гроздановска – Панчева и Сергеј споделија ретро фотографија

Еспресо

(Фото) Вака се славеше роденденот на сопругата на Сергеј Ќетковиќ, цела естрада на едно место

Еспресо

(Фото) Романтичен спомен од почетоците на љубовта: Водителот Ненад повеќе од 15 години ѝ е верен на Горана

Еспресо

Хороскоп за 3 април: Девиците добиваат јасност што долго ја чекале, Стрелците тргнуваат во нова насока

Еспресо

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо
Се вчитува....