7.8 C
Скопје
22:14 - 1 април, 2026

(ФОТО) Бојана Скендеровски: Додека сите седевме во комфорната зона, Ламбе ни покажа дека е доста од понижување

Нашата позната пејачка, текстописец и водителка Бојана Атанасовска-Скендеровски, позната само како Бојана на својот фејсбук – профил се огласи со свој став за случајот во Битола во кој нејзиниот колега, пејачот Ламбе Алабаковски е осомничен за пожарот во Центарот за култура „Иван Михаилов“

Бојана е една од малкуте јавни личности и колеги кои се огласија по овој случај, изразувајќи личен став.

„Ламбе. Додека сите седевме во комфорната зона, и ќутевме, си се чувавме од притисоци, си викавме „ќути има и полошо“, „јас ли ќе ја опраам државава“ и сл. во кафана се лупавме во гради дека сме патриоти, Ламбе ни покажа дека е доста од понижување, доста е од газење врз достоинството, не размислуваше дали ќе го затворат и нема да ги види своите дечиња, дека нема да заработува за егзистенција, и му прети затвор поради палење врата на една просторија која беше симбол на газење на македонското достоинство, еден клуб кој го отворија со најголеми почести, а имаше за цел да ја продлабочи македонската рана ,за да не боли повеќе! Со тебе сме Ламбе, горда сум што те имам за пријател, колега!“ – напиша Бојана во објавата споделувајќи заедничка фотографија со Ламбе.

Фото: Принтскрин / Instagram

Слични објави

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо
Се вчитува....