07:54 - 6 април, 2026

(Фото) Благоја Грујовски не старее, а еве што рече за сегашната и за поранешната сопруга

Фолк-пејачот Благоја Грујовски не старее и многумина коментирааат дека е ист како на почетокот од кариерата. Во една прилика, тој рече дека и сегашната и поранешната сопруга се помлади од него.

„Едната жена беше 12 години помлада од мене, другата е 24. И децата ми се така, сè е во знакот на 12 и сè е во знакот на тигар“, рече пејачот еднаш на „Репортер“.

Иако по професија е диполмиран новинар, музиката стана негова животна преокупација, и сега Благоја Грујовски е еден од нашите најпознати и најуспешни фолк-пејачи. Многумина не би му ги дале годините, тој во септември наполни 63.

Баже беше во брак со презентерката Татјана Стојановска, а сега е во брак со Ирена Грујовска со која се запознал во едно кафуле. Има два сина, Матеј и Марко.

Новите слики кои тој ги објавил се од неговиот настап на Фолк-фест „Роса“ на кои се гледа дека пејачот, кој не е многу активен на социјалните мрежи не се менува и го одржува младешкиот изглед.
Фото / Фејсбук

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....