Пејачката Александра Пријовиќ уште еднаш покажа дека има префинет вкус за мода, но и дека не штеди кога станува збор за луксузни парчиња.
На една приватна прослава, таа се појави во изглед чија вкупна вредност достигнува околу 50.000 евра. Секој детаљ од комбинацијата беше внимателно одбран, а доминираа парчиња од светски познати модни куќи.
Пријовиќ носеше елегантен црн фустан од брендот на Викторија Бекам вреден 920 евра, кој го комбинираше со црн блејзер од „Ботега Венета“ од 2.570 евра.
View this post on Instagram
Особено внимание привлече луксузната чанта со кристали од „Шанел“, чија цена достигнува 8.900 евра, како и црните потпетици од истиот бренд, вредни 1.830 евра.
Сепак, апсолутен акцент на комбинацијата беше скапата нараквица од „Картие“, проценета на дури 43.700 евра, која дополнително ја подигна вкупната вредност на овој гламурозен изглед.
Овој луксузен стајлинг предизвика бројни реакции на социјалните мрежи – додека едни се воодушевени од нејзината елеганција, други коментираат за високата сума што пејачката ја носи на себе.
