15:27 - 7 април, 2026

(Фото) Афера на повидок: Фудбалерот ја изневерил Ана Ивановиќ со спортска новинарка?

Пред неколку дена, медиумите ја пренесоа веста дека поранешниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер се разделува од сопругата Ана Ивановиќ, која некогаш беше светска тенисерка број еден. Тие беа во брак долги години и досега немаше никакви индикации дека може да дојде до нивна разделба.

Во меѓувреме, Ивановиќ се преселила во Белград со своите деца Лука (7), Леон (4) и Тео (1).

Многумина забележаа дека Швајнштајгер, во последно време, е неразделен од германската водителка Естер Седлачек, пишува „Нова“.

Естер Седлачек и Бастијан Швајнштајгер / Фото: Инстаграм/Естер Седлачек

Двајцата ја започнаа својата соработка во 2022 година кога заедно водеа емисија посветена на Светското првенство во Катар. Слична соработка имаа и за време на Европското првенство две години подоцна, а денес често се појавуваат заедно на натпреварите од Бундеслигата и Лигата на шампионите.

Седлачек почна да работи во „Скај“, каде што заедно со Швајнштајгер води студио пред натпреварите во Бундеслигата. Нивните заеднички фотографии веднаш привлекоа внимание по веста за разводот.

Инаку, Седлачек е мажена за германски бизнисмен, со кој има син и ќерка.

Слични објави

(Фото) „Благословена сум“: Анастасија Ражнатовиќ во прегратка на Гудељ, не може да ја скрие среќата

Еспресо

Свршеницата на Саша Ковачевиќ е бремена, парот го очекува своето прво дете

Еспресо

(Фото) Еве како изгледала Ана Севиќ на почетокот на кариерата: Разликата по 16 години изненади многумина

Еспресо

Адам Адактар го прозва Милан Станковиќ: „Се навреди затоа што му наплативме за веѓите“

Еспресо

(Фото) Милица Тодоровиќ ја објави првата фотографија со синот Богдан: Го напуштија Белград, еве каде уживаат сега

Еспресо

(Фото) Најдобар татко на 4 деца: Сопругата не престана да го фали музичарот Папаз

msp-admin
Се вчитува....