0.8 C
Скопје
22:02 - 18 декември, 2024

„Игра на тронови“: Нова серија за разочараните фанови

Во текот на 2022 година ќе ја проследиме серијата со работен наслов „Куќата на змејот“, која ќе биде приквел на „Играта на троновите“, која со години претставуваше најгледан ТВ проект.

Директорот на програмата на ХБО, Кејси Блојс, вели дека серијата веројатно ќе ја доживее својата премиера некаде околу 2022 година.

Блојс не даде повеќе детали, иако рече дека приказната е во развој и дека веројатно сè ќе биде подготвено за две години. Детали за тоа кои глумци ќе бидат вклучени сè уште нема. Тој истакна дека и покрај фактот што од ХБО имале во предвид неколку серии поврзани со „Игра на троновите“, но моменталниот фокус е на „Куќа на змејот“.

– Нема други серии што добија зелено светло. Можеби подоцна, којзнае, но моментално нема други планови. Сега сите се фокусираме на „Куќа на змејот“.
„Куќа на змејот“ е базирана на книгата на Џорџ Р. Р. Мартин од 2019 година – „Оган и крв“. Дејството на книгата се одвива 300 години пред настаните во „Игра на троновите“ и ја раскажува историјата на семејството Таргариен, почетоците на Егон Освојувачот и неговото освојување на Вестерос и владеењето со Седумте кралства. Подоцна книгата скока низ неколку децении, споменувајќи го секој последователен владетел Таргариен и политиката, граѓанските војни и интригите низ историјата.

Кои аспекти од историјата на Вестерос серијата ќе ги усвои, сè уште не е познато – можно е „Куќа на змејот“ едноставно да се фокусира само на еден дел од историјата на семејството Таргариен, како што е освојувањето на Егон или „Танцот на змејовите“ (граѓанска војна што ветува епски змејски борби).

Интересно, но пред да биде одлучено да се снимаат епизодите од „Куќата на змејот“, од ХБО објавија дека се фокусирани на снимањето на „Најдолгата ноќ“, серија чие дејствие требаше да биде временски врамено 10 илјади години пред случувањата во веќе изгледаната серија. Дури беше објавено и дека главната улога ќе ја има холивудската актерка Наоми Вотс, а во кастингот беа предвидени и уште неколку звучни имиња. Сепак, без да биде издадено образложение, снимањето на предвидениот приквел беше заменет со друг. Инаку, во меѓувреме јавно се говореше и дека е возможно да се сними продолжение на „Игра на троновите“, со цел да се продолжи приказната која привлече милиони гледачи од целиот свет, а се споменуваше и серија за авантурите на Арја Старк, која најави дека ќе ги истражува земјите кои се западно од Вестерос.

Тоа што на продуцентите не им оди од рака е лошиот финиш на осмата сезона од „Игра на троновите“. Претпоследната епизода во која Денерис Таргериан качена на својот змеј живи ги запали жителите на Кралскиот град. Денерис, која во Есос беше прогласена за „мајка на робовите“, „кршач на прангите“, „носител на надежта“, во Вестерос стана ладнокрвен убиец и воен злосторник. Тоа секако дека не им се допадна на гледачите, кои очекуваа сосем поинаков крај на култната серија. На интернет беше поставена и петиција, на која се потпишаа илјадници обожаватели, кои недвосмислено побараа поинаков крај. Сепак, од продукцијата останаа глуви на овие барања, инсистирајќи дека нема да го променат тоа, на што со години работеле креаторите.

Според многумина, во тоа и лежи одговорот за неодлучноста на директорите на ХБО, кога е во прашање снимањето на новите серии, кои ќе се снимаат на матрицата на „Играта на троновите“. Лошиот публицитет добиен во моментите на најголемата популарност, делуваше отрезнувачки кај водечките луѓе на продукцијата, на кои сега им е потребно дополнително време за да ја донесат вистинската одлука.

Втората шпекулација која се однесува на новата серија е поврзана со писателот Џорџ Р.Р. Мартин, кој наводно лобирал да се снима „Куќата на змејот“, на сметка на „Најдолгата ноќ“.

Мартин книгата „Оган и крв“ ја промовираше во текот на 2019 година, а во едно телевизиско интервју самиот посочи дека токму според ова дело треба да се снима наредната серија. Многумина тогаш помислија дека на тој начин писателот се обидува да го подобри тиражот на својата последна објавена книга, со оглед на тоа што тој стана еден од најпродаваните автори на денешницата, откако беше емитувана првата сезона на „Игра на троновите“, која беше сработена според неговиот бестселер „Песна за мразот и огнот“.

Како и да е, „Куќата на земјот“ со сигурност ќе биде долгоочекувана серија, која доколку не разочара со почетните епизоди, тогаш веројатно ќе биде во позиција да ги повтори бројките на успешност од претходниот проект.

Пилот-епизодата не е гаранција за серија

За предвидениот приквел „Најдолгата ноќ“ беше направена и пилот-епизода, сработена според сценариото на Џејн Голдман.

– Голдман направи извонредна работа, но никогаш не се знае со пилот-проектите. Некогаш се доволни за да биде снимена серија, а некогаш не. Едноставно од продукцијата не беа уверени дека може да се продолжи приказната, која во исто време би била оригинална и не би потсетувала на онаа од „Играта на троновите“ – изјави програмскиот директор на ХБО, Кејси Блојс.

Слични објави

(Видео) Филмови кои не се за пропуштање во 2023

Ј.К.Д

Мајкл Џ. Фокс искрено за болеста што ја криел со години: Мислев дека публиката ќе ми се смее

еспресо

Се појави првата божиќна реклама и веднаш ги налути гледачите: Ова е тотално лудило

еспресо

Бела Хадид веќе не е на врвот: Науката ја избра новата најубава жена на светот

еспресо

Клои Кардашијан имала тумор на лицето: „Морав да направам итна операција за да го отстранам“

еспресо

Арнолд Шварценегер стана најскапиот личен тренер во САД: Наплаќа 150.000 долари за тренинг!

еспресо
Се вчитува....