12:07 - 19 ноември, 2026

Евровизиската трка влегува во финишот – Финска останува главен фаворит според обложувалниците

Во Виена вечерва се одржува финалето на 70. издание на Евровизија, каде што 25 земји ќе се борат за победа.

На денот на финалето повторно се следи состојбата на евровизиските обложувалници, иако ваквите прогнози во последните години често знаеле да го промашат конечниот исход.

Според моменталните прогнози, главен фаворит на обложувалниците и натаму е Финска, која од почетокот на евровизиската недела се држи на самиот врв. Во кругот на петте најдобро рангирани земји се уште Австралија, Грција, Израел и Романија.

Таквиот поредок, секако, не мора да значи многу во пресрет на самото финале. За победникот ќе одлучува комбинација од гласовите на стручните жири-комисии и публиката, а финалната вечер често знае да донесе пресврти што обложувалниците не ги предвидуваат.

На долниот дел од табелата на обложувалниците се наоѓаат Србија, Обединетото Кралство, Литванија, Германија, Белгија и домаќинот Австрија.

 

Слични објави

(Фото) Мини фустан, корсет и поглед кон Ајфеловата кула — Мина Блажев и Луна Стефановска уживаат во Париз

К.С.

(Видео) „Македонци, ако ве немаше, ќе требаше да ве измислиме“ — Јаков Јозиновиќ воодушевен од подарокот на скопската уметница

К.С.

(Видео) Шлагот ја откри слатката тајна — Софија Манчева и Марио Јовановски го споделија полот на бебето

К.С.

Измешајте, испечете и уживајте — рецепт за мек овесен леб со свежо сирење

К.С.

Хороскоп за 19 ноември: Бикови, ќе имате среќа на секое поле

Еспресо

Ви се спие кога врне? Науката објаснува зошто звукот на дождот нè смирува

К.С.
Се вчитува....