7.8 C
Скопје
20:13 - 30 март, 2026

Евросонг 2021 дефинитивно ќе се одржи

Презентерот на Би-би-си Грејм Нортон пренесе одлична вест за љубителите на „Песна на eвровизија“, а тоа е дека натпреварот ќе продолжи во 2021 година и покрај пандемијата на коронавирусот.

– Дефинитивно ќе има Евровизија… натпреварувањето ќе се случи – рече Нортон, кој го покрива настанот за британскиот јавен сервис.

Организаторите на натпреварот потврдија дека Евросонг дефинитивно ќе се одржи оваа година. Ќе може да се користат претходно снимени изведби ако изведувачите не можат да патуваат до Ротердам или ако мора да се изолираат по нивното пристигнување таму.

Минатогодишниот натпревар беше откажан поради пандемијата. Во Велика Британија беше заменет со специјална програма со осврт на историјата на настанот, вклучително и гласање за најголемата евровизиска песна на сите времиња.

Нортон за американското радио „Сириус икс-ем“ изјави: „Aко некои уметници не се во можност да допатуваат во Холандија во 2021 година, можат да ја зумираат изведбата. Се сомневам дека ќе бидеме на стадион полн со 20.000 луѓe“.

Слични објави

Прво појавување на Лукас во јавноста по инцидентот во Гетеборг, еве што правеше кога го снимија новинарите

apostolova

Кемиш искрено за здравствената состојба на Зорица Брунцлик: Сè откри среде емисија, а потоа јавно ѝ испрати порака

Еспресо

Мина откри како го запознала Огњен Амиџиќ: „Дојдов за работа и се зезнав“

Еспресо

Ралe ја одложи операцијата на срцето поради нов здравствен проблем: „Не сум добро“

Еспресо

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.
Се вчитува....