11.8 C
Скопје
19:07 - 10 март, 2026

Еве што правел Аца Лукас пред апсењето во Кавадарци: Се обвиткал во македонското знаме…

Српскиот фолк пејач Аца Лукас беше уапсен синоќа во Кавадарци. Сега видео од овој настап се појави на социјалните мрежи.

На него може да се види Лукас кој е целосно „во свој елемент“, т.е. свири на тапани, обвиткан во знамето на Македонија.

Македонската полиција го приведе пејачот во текот на неговиот настап кратко по полноќ во Кавадарци, а видео од неговото приведување пред локалот се појави на Инстаграм.

„На 22 ноември во 00:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го приведоа А.В. (57 год.) од Република Србија. При вршење на акциска контрола во угостителски објекти на подрачје на Кавадарци, од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци, Одделение за криминалистички работи при СВР Велес, инспектор за странци од Регионален центар за гранични работи Југ, било констатирано дека во угостителски објект во Кавадарци А. В. настапувал без потребната дозвола“, рече Биљана Ѓаковска, портпарол на СВР Велес.

Против Лукас била поднесена прекршочна пријава по член 217 став 1 точка 2 од Законот за странци. За турбофолкерот била поднесена прекршочна пријава во Основен суд Кавадарци. Од Основен суд Кавадарци соопштија дека на Аца Лукас му била изречена парична казна во висина од 50 евра.

 

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Астро совети за секој хороскопски знак: Како најдобро да ја искористите енергијата на ѕвездите

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо
Се вчитува....