5.8 C
Скопје
01:59 - 9 април, 2026

Еве кога ќе се дознае СУДБИНАТА на Вил Смит! „Забрзајте го процесот на КАЗНУВАЊЕ на актерот!“

НОВА ОДЛУКА НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ВИЛ СМИТ.

Академијата за филмски уметности и науки го помести својот состанок за одлука за можните санкции против победникот во категорија најдобар актер на Оскарите, Вил Смит, поради шлаканицата упатена на водителот Крис Рок.

Претходно беше закажан состанокот на бордот на директори на организацијата на 18 април.

Смит ја напушти Академијата во петокот и рече дека ќе ги прифати сите последици што таа смета дека се соодветни.

– Откако Смит поднесе оставка, Академијата повеќе не мора да го чека законски пропишаниот распоред за да го разгледа ова прашање, рече претседателот на Академијата Дејвид Рабин во писмото до членовите.

„Во најдобар интерес на сите вклучени е да се реши ова навреме“, рече Рабин.

Можните дејства би можеле да вклучуваат означување на Смит како неприфатлив за идните награди или забрана за присуство на идните церемонии за Оскар.

На телевизискиот настан на 27 март, Смит излезе на сцената откако комичарот Крис Рок се пошегува на сметка на неговата сопруга, Џејда Пинкет Смит, а потоа му удри шамар.

Неполн час подоцна, тој во солзи одржа говор на сцената додека ја добиваше наградата за најдобар актер за улогата во филмот „Кралот Ричард“. По церемонијата, тој беше „уловен“ како танцува и се смее на годишната забава на Vanity Fair по доделувањето на наградата.

Слични објави

Кеба е горд на ќерката – Наташа Којиќ освои златна награда во Лондон

Еспресо

Карлеуша со остри зборови за Теа Таировиќ: „Балканот не смее да биде синоним за…“

Еспресо

(Видео) Марија Шерифовиќ сподели интимен момент од Бали: „Дојде време да си кажам не“

С.П.

Бојана Лазиќ откри кога се враќа Зорица Брунцлик во жирито на „Пинкови ѕвезди“

Еспресо

Дали Ким Бесинџер со неочекуваниот потег ги закопа воените секири со Алек Болдвин?

Т.Ц.

(Фото) Дарко и Катарина Лазиќ ги покажаа мускулите во теретана – еве како го поминуваат времето заедно

Еспресо
Се вчитува....