7.8 C
Скопје
03:36 - 2 април, 2026

Едниот со потекло од Македонија: Уапсени двајца екстремисти, планирале терористички напад на концерт на Тејлор Свифт во Виена

Австриската полиција приведе две лица кои имале планови за исламистички терористички напад за време на концертите на американската пејачка Тејлор Свифт во Виена, кои ќе се одржат на 8, 9 и 10 август во австриската престолнина, пренесе дневниот весник „Кронен цајтунг“.

Според „Кронен цајтунг“, едниот од нив е 19-годишен Австриец со „македонски корени“, кој „живеел со семејството во градот Терниц“. Тој бил уапсен „под силно сомение за тероризам“. Вториот осомничен е Австриец од Виена.

Франц Руф, директор за јавна безбедност во австриското Министерство за внатрешни работи, изјави дека властите се свесни за „подготвителните дејствија“ за можен напад, „и дека фокусот на 19-годишниот сторител бил на концертите на Тејлор Свифт во Виена“.

Руф потецираше дека 19-годишникот се заколнал на верност на Исламската држава. Се смета дека австрискиот државјанин се радикализирал на интернет.

Руф рече дека хемиските супстанци се обезбедени и дека се проценуваат. Не беа дадени повеќе детали.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....