22:07 - 6 април, 2026

Едита за односот со таткото на нејзиното дете: „И двајцата знаевме каде води нашата врска, сега внимавам двојно повеќе“

Пејачката Едита Арадиновиќ неодамна започна љубовна врска со партнерот Ненад Стевановиќ и не ја криеше својата среќа од јавноста.

Набрзо потоа дозна дека е бремена, што отсекогаш било нејзина голема желба. Сепак, како гром од бедро небо одекна информацијата дека таа ја прекинала врската со таткото на своето дете, Ненад.

Говорејќи за моментот кога дознала дека е во блажена состојба, Едита искрено ги сподели своите чувства.

– Бев пресреќна, исто како и луѓето околу мене. Како сите некако да го очекувавме тоа, а јас одамна посакував да станам мајка – изјави таа.

Таа признава дека отсекогаш била чувствителна личност, а бременоста дополнително ги засилила нејзините емоции.

– По природа сум емотивна, а сега уште повеќе. Сè зависи од денот, од одморот, од храната. Понекогаш сум мирна и повлечена, понекогаш полна со енергија, а некогаш и раздразлива. Сè е дел од оваа состојба – објасни пејачката.

И покрај разделбата, таа нагласува дека одлуката ја донеле зрелo и со размислување.

– Потребна беше храброст, бидејќи и двајцата знаевме каде води нашата врска, а посакувавме дете. Од друга страна, сум спокојна затоа што знам дека тој е добар човек и ќе биде посветен татко. Што се однесува до мојот љубовен живот, ќе направам пауза додека не бидам сигурна што точно сакам. Сега ќе внимавам двојно повеќе, затоа што имам и за кого – искрено рече Едита.

Таа додава дека најважно ѝ е да имаат добра комуникација.

– Многу ми значи да можеме да разговараме и да се слушаме, а ние сме во одлични односи, што е добар знак за иднината – заклучи таа.

Слични објави

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо

Дали е безбедно да се пие вода наточена пред еден ден? Стручњаците го имаат одговорот

Т.Ц.
Се вчитува....