22:49 - 5 април, 2026

Едита Арадиновиќ откри како е по раскинувањето: „Помош! Само ова ме враќа во деновите кога бев среќна“

Пејачката Едита Арадиновиќ и нејзиниот партнер Ненад Стевиќ неодамна ставија крај на својата емотивна врска, иако го очекуваат своето заедничко дете. По информациите за раскидот, кои првично беа објавени во медиумите, Едита се огласи и на социјалните мрежи, каде индиректно ги сподели своите чувства.

Преку низа објави на Инстаграм, пејачката откри како ги минува деновите по разделбата. Таа споделуваше музика со силна емоционална порака, а меѓу песните што ги слушаше се најде и „Животе мој“ од Уснија Реџепова. Во неколку кратки пораки, Едита напиша дека токму музиката ѝ помага да се врати во периоди кога се чувствувала среќна.

Фото: Инстаграм

Како што претходно беше објавено, Едита и Стевиќ донеле заедничка и промислена одлука да се разделат, без јавни конфликти и тензии. Според извори блиски до поранешниот пар, одлуката не била донесена импулсивно, туку по подолг период на разговори, во кои сфатиле дека нивните животни патишта се разидуваат.

Пејачката во моментов е фокусирана на бременоста, сопственото здравје и професионалните обврски. Истите извори наведуваат дека таа настојува овој чувствителен период да го помине смирено и без дополнителен притисок од јавноста, поради што двајцата поранешни партнери одлучиле приватните работи да ги задржат подалеку од медиумското внимание.

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....