Српската пејачка Едита Арадиновиќ отворено проговори за промените во својот изглед низ годините, но и за емоционалниот период што го поминува, откривајќи дека за првпат го почувствувала своето бебе.
Таа призна дека се подложила на неколку естетски зафати, вклучително и две операции на носот, како и поставување фасети.
„Првиот пат го оперирав носот кај нас, но не бев задоволна – изгледаше чудно, коската не беше добро зарасната и не дишев добро. Тоа беше одамна“, изјави пејачката.
Таа објасни дека подоцна го коригирала и својата насмевка.
„Носев фиксна протеза и ги коригиравме неправилностите на кецовите со пломба. Тоа стоеше 7-8 години, па направив фасети.“
По неколку години, повторно се одлучила за корекции.
„По 7 години повторно го оперирав носот, извадив хијалурон од усните и тогаш ги средив забите. Така дојде до големата промена“, додаде таа.
